• среда, 24 април 2024

Лос Анџелес испрати понуда до Милан за трансфер на Жиру

Лос Анџелес испрати понуда до Милан за трансфер на Жиру

Милано, 26 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Оливие Жиру може да ја продолжи кариерата во американската МЛС, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Лос Анџелес испратил официјален предлог до миланскиот клуб за трансфер на 37-годишниот Французин. Се очекува дека напаѓачот би можел да се приклучи како слободен играч.

Оваа сезона Жиру одигра 36 натпревари, постигна 14 голови и 10 асистенции.

Жиру во Милан е од 2021 година. Во кариерата од пореномираните екипи има настапувано во Монпелје, Челзи и Арсенал.

Во француската репрезентација игра од 2011 година. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан