• сабота, 21 декември 2024

Лондон: Русија најверојатно ќе преземе понасилни мерки

Лондон: Русија најверојатно ќе преземе понасилни мерки
Лондон, 23 март 2022 (МИА) – Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана во украинските градови под руска окупација продолжуваат протестите на цивилите. - Руските напори да се покори населението преку манипулирање со медиумите, ширење пропаганда и инсталирање на марионетски, проКремљ лидери досега не успеаја, се наведува во извештајот. Исто така се додава и дека Русија „на овие неуспеси најверојатно ќе одговори со сè понасилни и присилни мерки“ за покорување на украинскиот народ. ми/

Остани поврзан