• недела, 22 декември 2024

Лондон го отфрли иранското тврдење дека Западот бил информиран за нападот врз Израел 

Лондон го отфрли иранското тврдење дека Западот бил информиран за нападот врз Израел 

Лондон, 15 април 2024 (МИА) - Велика Британија го отфрли иранското тврдење дека Техеран го информирал Западот за претстојниот напад од воздух врз израелска територија, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амирабдолахиан, вчера изјави дека Иран дури 72 часа претходно ги информирал САД и соседните земји дека ќе го нападнат Израел.

-Би го отфрлил тоа тврдење. Силно го осудуваме директниот напад врз Израел, рече портпаролот на Сунак.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан