• понеделник, 08 јули 2024

Локализиран пожарот во село Латово во Македонски Брод

Локализиран пожарот во село Латово во Македонски Брод

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Локализиран пожарот во село Латово, месност наречена „Лозје“, во Македонски Брод, кој избувна попладнево и нема опасност од негово проширување, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Претходно, од ЦУК информираа дека во атарот на село Латово, кај месноста наречена „Лозје“, избил силен пожар, кој се закануваше да ја зафати и шумата над селото. Во гаснењето на пожарот, покрај локалните пожарникари како и вработени во Национални шуми, се приклучи и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер.

- Ер-тракторот имаше исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. Тој е локализиран и нема опасност од негово проширување, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. ир/дма/

Фото: ЦУК

Остани поврзан