Лишен од слобода неготинец, со закани барал од лице да промени изјава во Обвинителство
- Полициски службеници вчера во 13 часот лишиле од слобода 24-годишен жител на Неготино, кој со закани барал од лице да промени изјава во Обвинителство, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 6 март 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера во 13 часот лишиле од слобода 24-годишен жител на Неготино, кој со закани барал од лице да промени изјава во Обвинителство, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 24 - годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на 27 - годишник од село Тремник, неготинско и барал од него да промени претходно дадена изјава во Основно јавно обвинителство - Кавадарци, во врска со претходно случен настан, соопштија од СВР - Велес.
Притоа, како што додадоа, тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава. свд/дма/
Фото: МИА архива