Лишен од слобода кавадарчанец кој се заканувал на сопругата со која не живеел заедно
- Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, по пријава дека се заканувал на сопругата со која не живеел заедно, информираа денеска од СВР Велес.

Лишен од слобода кавадарчанец кој се заканувал на сопругата со која не живеел заедно
Кавадарци, 5 декември 2024 (МИА) – Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, по пријава дека се заканувал на сопругата со која не живеел заедно, информираа денеска од СВР Велес.
– Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Т.(49) од овој град, постапувајќи по пријава од неговата 45-годишна сопруга, со која не живееле заедно, дека ѝ се заканувал на социјална мрежа. С.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/ир/
Фото: МИА архива