• четврток, 26 март 2026

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - Полицијата синоќа во 23.50 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци го лишила од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци.

Како што информира МВР, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т.. По преземените мерки, констатирано е дека лицето го управувало возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта.

Г.Т. исто така му ја туркал раката на полициски службеник со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан