• недела, 12 мај 2024

Лишено од слобода 20-годишно лице поради тепачка со 62-годишник, кој починал бргу потоа

Лишено од слобода 20-годишно лице поради тепачка со 62-годишник, кој починал бргу потоа

Велес, 23 јануари 2023 (МИА) - Велешката полиција лишила од слобода 20-годишно лице во село во општина Чашка поради физичка пресметка со 62-годишник, кој починал кратко по тепачката. Лишењето од слобода се случило 20 минути по полноќ, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Како што се наведува во соопштението, синоќа во 20.30 часот настанала физичка пресметка помеѓу двајцата. Потоа, помладото лице го напуштило местото, а по кратко време, Р.С. бил пронајден починат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител од ОЈО Велес, како и екипа на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. ад/бд/

Остани поврзан