• сабота, 27 јули 2024

Честитка до Силјановска Давкова од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан

Честитка до Силјановска Давкова од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Честитка до Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Република Северна Македонија денеска упати и Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, соопштија од Британска Амбасада во Република Северна Македонија.

- Честитки до Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Северна Македонија. Обединетото Кралство очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу нашите земји, унапредување на трговските односи и проширување на заедничката посветеност на безбедноста и соработката во рамките на колективната одбрана како дел од НАТО, се вели во честитката од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан. цр/

Фото: Британска Амбасада во Република Северна Македонија

Остани поврзан