• петок, 22 ноември 2024

Липи: Зошто Италија не смее да го продолжи фудбалот? Јас сум болен од моменталната состојба

Липи: Зошто Италија не смее да го продолжи фудбалот? Јас сум болен од моменталната состојба
Рим, 16 мај 2020 (МИА) - Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи го изрази незадоволството од сегашната состојба со обновата на Серија А. Претходно, италијанските клубови го отфрлија медицинскиот протокол предложен од Италијанската фудбалска федерација и владата. - Јас сум болен од моменталната состојба, само ме вознемирува. Секој ден, само слушате дека сите сме заедно, но тогаш секој го прави она што го сака, и меѓу истражувачите и политичарите. Во 2020, испраќаме сонди до Марс, но не можеме да пронајдеме вакцина за коронавирус? Зошто не е дозволено продолжување на фудбалот во Италија? Сега сè не е исто како пред два месеци, кога не удри цунами. Сега вирусот не е толку силен, болниците сега можат да ги организираат своите активности, изјави Липи. Има толку многу демагогија во фудбалот. Ова е огромна индустрија и треба да се третира на тој начин, додаде прославениот италијански тренер за тамошните медиуми. зс/

Остани поврзан