• понеделник, 23 декември 2024

Лион може да побара промена на судиската тројка за натпреварот со Сити

Лион може да побара промена на судиската тројка за натпреварот со Сити
Манчестер, 14 август 2020 (МИА) - Француски Олимпик Лион веројатно ќе побара од УЕФА да ги смени судиите за четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против англискиот Манчестер Сити, пренесува „Goal“. Арбитрарите од Холандија, предводени од Дани Мекели, се избрани за претседател на натпреварот, кој ќе се одржи на 15 август. Французите сметаат дека овие судии може да бидат пристрасни, затоа што во случај на испаѓање на Лион и освојување на трофејот од Манчестер Сити, францускиот клуб ќе ја изгуби шансата да игра на европските клупски турнири следната сезона, а холандски Ајакс автоматски ќе се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тагови

Остани поврзан