• четврток, 16 мај 2024

Лилард за триумфот над Клиперс по -15: Тоа покажува за нашиот карактер

Лилард за триумфот над Клиперс по -15: Тоа покажува за нашиот карактер

Милвоки, 5 март 2024 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Милвоки бакс, Демијан Лилард го истакна карактерот на неговиот тим кој ноќеска го совлада Лос Анџелес клиперс.

Милвоки победи со 113:106 без повредените Јанис Адетокунбо и Крис Мидлтон.

- Тоа покажува за нашиот карактер. Пред почетокот на натпреварот никој не зборуваше за тоа кој нема да може да влезе денеска на теренот. Тоа зборува за нивото на очекување, за стандардот што почнуваме да го имаме, каков тим стануваме, рече Лилард.

Бакс победија откако заостанаа со 15 поени на неколку минути до крајот на третата четвртина. Ова е четврти камбек на Милвоки од -15 оваа сезона и втор откако Док Риверс ја презеде функцијата главен тренер.

- Само си верувавме еден на друг. Нашата комуникација добро функционираше во одбраната. Се потпиравме на сите на теренот да си ја завршат работата, а истото беше и во нападот. Нашиот тим ги гледа резултатите што излегуваат кога играме на овој начин, дури и ако во одредени моменти од играта работите не одат во наша корист, оттаму доаѓа довербата, веруваме во она што го правиме. И тоа многу помага, додаде Лилард.

Милвоки е втор во поредокот во Источната конференција на НБА-лигата со 41 победа и 21 пораз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан