• недела, 22 декември 2024

Лилард влијаеше на одлуката Тејтум да се приклучи на американскиот олимписки тим

Лилард влијаеше на одлуката Тејтум да се приклучи на американскиот олимписки тим
Вашингтон, 3 јули 2021 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард помогна во убедувањето на играчот на Бостон, Џејсон Тејтум, да се приклучи на американскиот тим на Олимписките игри во Токио. Тејтум беше во тимот на САД кој го освои 7. место на Светското првенство во Кина. Предводникот на Селтикс се сомневаше во играњето за националниот тим оваа година. Според „ЕСПН“, комуникацијата со Лилард, овој пат, му помогна на кошаркарот да донесе позитивна одлука. Тејтум го потврди учеството на Игрите кратко време откако тоа го сторија Лилард и Дрејмонд Грин од Голден Стејт. зс/  

Остани поврзан