Лидерот на Хезболах: Принуденини сме да возвратиме на Израел
- Лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала денеска изјави дека неговата проиранска формација и Иран се „принудени да одговорат“ на Израел, „без разлика какви се последиците“, по убиствата на политичкиот лидер на палестинското движење Хамас и воениот претставник на либанското движење.

Бејрут, 6 август 2024 (МИА) - Лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала денеска изјави дека неговата проиранска формација и Иран се „принудени да одговорат“ на Израел, „без разлика какви се последиците“, по убиствата на политичкиот лидер на палестинското движење Хамас и воениот претставник на либанското движење.
Во говорот емитуван во живо, Насрала рече дека Хезболах ќе одговори „сам или како дел од унифициран одговор на целата оска“ на отпорот, која е предводена од Техеран и ги обединува своите сојузници во регионот.
Непосредно пред говорот, израелски авиони летаа ниско над Бејрут, пробивајќи го воздушниот ѕид, пренесоа медиумите од местото на настанот. мс/
фото: МИА архива