• петок, 05 декември 2025

Ливерпул по 20 пат шампион на Англија

Ливерпул по 20 пат шампион на Англија

 

Ливерпул, 27 април 2025 (МИА) – Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако вечерва го победија Тотенхем со 5-1 на домашен терен во рамки на 34. коло од Премиер лигата.

Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, а четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо (34) и Мохамед Салах (63). Конечниот резултат беше поставен во 69. минута, кога автогол постигна Дестини Удоји.

На четири кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул има недостижни 15 бодови предност пред второпласираниот Арсенал.

Ова е прва титула за Ливерпул во Премиер лигата од 2020 година, а вкупно 20-та, со што се израмнија со Манчестер Јунајтед. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан