• среда, 17 јули 2024

Ливерпул понуди 70 милиони евра за Луис Дијаз, Порто сака 80 милиони

Ливерпул понуди 70 милиони евра за Луис Дијаз, Порто сака 80 милиони
Ливерпул, 8 јануари 2022 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул е заинтересиран за трансфер на играчот од средниот ред на Порто, Луис Дијаз Маруланда оваа зима. Англискиот клуб доставил понуда од 70 милиони евра, пренесува „LFC Transfer Room“. Сепак, Порто сака да го продаде Колумбиецот за 80 милиони, искористувајќи го фактот што ривали на „црвените“ во борбата за фудбалерот се Манчестер јунајтед и Њукасл. Претходно, медиумите во Португалија веќе пишуваа дека Ливерпул е блиску до купување на Дијаз. зс/

Остани поврзан