Ливерпул загуби четири натпревари по ред за прв пат од 1987 година
- Ливерпул загуби четири натпревари по ред за прв пат по 38 години.
Ливерпул, 19 октомври 2025 (МИА) - Ливерпул загуби четири натпревари по ред за прв пат по 38 години.
Вечерва „Црвените“ загубија со 2:1 дома од Манчестер јунајтед во 8. коло од Премиер лигата. Овој пораз беше четврти по ред за тимот на Арне Слот.
Ливерпул претходно загуби од Кристал Палас (2:1) и Челзи (2:1) во Премиер лигата, како и од Галатасарај (1:0) во Лигата на шампионите.
Последниот пат кога Ливерпул загуби четири натпревари по ред беше во 1987 година. зс/
Фото: ЕПА