• четврток, 23 мај 2024

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ соопштија дека сирените се огласиле во населбите Ортал и Шаал рано утрово. Тоа се случи откако Иран го нападна Израел со дронови, крстаречки и балистички ракети.

Не е наведен типот на испуканите проектили, ниту дали биле пресретнати.

Претходно бараж од најмалку 10 ракети беше истрелан од Либан кон Израел, изјави портпаролот на израелската војска за Си-Ен-Ен.

Според ИДФ, во петокот врз Израел беа истрелани околу 40 ракети од јужен Либан. Либанските милитанти на Хезболах, поддржани од Иран, рекоа дека ги испукале ракетите врз позициите на израелската артилерија како одговор на неодамнешните израелски напади и како поддршка на палестинскиот народ во Газа. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан