• петок, 21 февруари 2025

Либанската армија се распоредува во пограничните села

Либанската армија се распоредува во пограничните села

Бејрут, 18 февруари 2025 (МИА) – Либанската армија соопшти дека се распоредила во неколку погранични села на југот на земјата, по повлекувањето на израелските војници пред истекот на рокот според Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах.

Во соопштението се наведува дека либанската армија се распореди во десетина села „во координација со Комитетот задолжен за следење на договорот за прекин на огнот и со привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) по повлекувањето на израелските сили. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан