• среда, 15 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лефков: СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника

Лефков: СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника

1 август 2025

СДС се демаскирани, додека шоферот на Заев палел пожари, тие ширеа политичка паника. Самиот Зоран Заев ги потона СДС кога кажа дека лицето А.Н. кој е уапсен за потпалување на пожар во струмичко бил шофер во општината кога тој бил градоначалник, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Миле Лефков, што МИА го пренесува интегрално.

Очигледната неискоординираност ја урна кампањата на Бихаќка како кула од карти, а на секого веќе му е совршено јасно дека луѓе блиски до опозицијата потпалувале пожари на повеќе локации низ државата, за што има и уапсени.

И додека лица блиски до СДС потпалувалe пожари, СДС цело време шири паника и преку драматични прес-конференции лажно се грижи.

Фактот дека имаме уапсени луѓе покажуваат дека пожарите не се природна непогода, туку се потпалувани.

Очекуваме да запре политичкото пироманство на СДС и наместо да шират паника и лажно душегрижништво, да се извинат на граѓаните.

Линк од видео материјал:

https://youtu.be/BJMAS5LZiqU

https://www.swisstransfer.com/d/8d658f97-0c74-492a-98df-feef1ee3d266

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан