• среда, 03 јули 2024

Легендарниот Брејди „дефинитивно ја заврши кариерата“

Легендарниот Брејди „дефинитивно ја заврши кариерата“

Њујорк, 1 февруари 2023 (МИА) – Најдобриот играч, според многумина, во историјата на американскиот фудбал, Том Брејди, објави денеска на својот Твитер профил дека „дефинитивно ја завршува кариерата“.

„Се повлекувам засекогаш. Ви благодарам луѓе што ми дозволивте да го живеат својот сон“, објави 45-годишниот Брејди во видео порака во траење од 53 секунди.

Објавата доаѓа точно една година откако Брејди соопшти дека става крај на кариерата, а само еден месец подоцна, минатиот март, повторно се врати на теренот.

Во текот на својата 23-годишна кариера во НФЛ лигата Брејди освои рекордни седум титули, од кои шест како квотербек на Њу Ингланд, за кој настапуваше од 2000 до 2019 годинаи една со Тампа Беј во чиј редови ги мина последните три сезони. ег/паг/

Остани поврзан