• среда, 03 јули 2024

Винисиус нема да игра во четвртфиналето на Копа Америка

Винисиус нема да игра во четвртфиналето на Копа Америка

Санта Клара, 3 јули 2024 (МИА) - Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор доби жолт картон ноќеска на натпреварот од групната фаза на Копа Америка 2024 година против Колумбија.

Дваесет и тригодишниот Бразилец доби жолт картон во 7. минута од натпреварот. Така, тој ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим поради акумулирани жолти картони.

Винисиус го доби првиот картон на натпреварот од 2. коло против Парагвај (4:1).

Бразил во четвртфиналето ќе се соочи со Уругвај на 7 јули во 3 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан