• понеделник, 04 ноември 2024

Левица: СДСМ, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат интерпелацијата за Гаши

Левица: СДСМ, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат интерпелацијата за Гаши

Скопје, 1 септември 2024 

ДПМНЕ, ЗНАМ И СДС да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата на Левица за Гаши
 
На два дена пред собраниската седница на која ќе се најде Интерпелацијата за спикерот Гаши, СДС и ЗНАМ сѐ уште се немаат произнесено по истата.
 
Намерата на ДПМНЕ да гласаат против Интерпелацијата и нивниот наратив дека „Гаши е подобар од Џафери“, ги цениме како крајно очајни.
 
Повторно им предочуваме дека на Македонското собрание и на Македонија не им треба некој со капацитет и дејанија споредливи со оние на Џафери, туку им треба целосно сосекување на необалистичките елементи и погубните практики.
 
Потсетуваме дека Левица и во минатиот мандат беше иницијатор за интерпелации на тогашниот спикер Таљат Џафери, а за разлика од останатите политички субјекти, против него имаше поднесено и голем број кривични пријави и иницијативи до Уставниот суд.
 
Оттука, уште еднаш го повторуваме нашиот предлог до нив за избор на претседател на Собранието од пратеничката група на ДПМНЕ, со поддршка на пратеничката група на Левица.
 
Интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, е заснована на седум точки: 
1. Повреда на секуларноста на државата; 
2. Скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје; 
3. Повреда на употребата на македонскиот јазик; 
4. Повреда на правилата за употреба на државните инсигнии; 
5. Неконстатирање на престанок на мандатот на Таљат Џафери; 
6. Патувањето во Вашингтон со неговата сопруга и 
7. Повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците и Собранието и продолжување на лошите практики.
 
Но и покрај поднесената Интерпелација, спикерот Гаши продолжи со неговиот башибозлук и ја продолжи низата со нови скандали коишто во најмала рака повлекуваат политичка одговорност.
 
Очигледно е дека Африм Гаши нема намера да прекине со неговата злоупотреба на положбата и за само три месеци мандат, дозволи сериозно нарушување на интегритетот на Собранието.
 
Затоа, ги повикуваме парламентарните партии од македонскиот блок на вразумување и оправдување на довербата дадена од граѓаните!

Левица

Фото: Левица

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан