• петок, 22 ноември 2024

Левица: Концепцијата за образование е штетна и погубна

Левица: Концепцијата за образование е штетна и погубна

19 април 2023 

Деновиве од страната на Бирото за развој на образованието се повлечени наставните програми по предметите Историја, Географија и Етика на религии, а дополнително се дознава и дека предметите Биологија, Хемија, Географија и Физика ќе бидат дел од еден предмет - Природни науки.Се отвараат прашања кој би предавал вака концепирани предмети, на која катедра се обучени наставници кои ќе можат соодветно да пренесат знаења по наставен предмет кој во себе опфаќа низа различни образовно-научни области? Се наметнува прашањето дали крајната цел на овие активности е целосно и сосема да се разори образовниот систем во Македонија?!Стручната и научна јавност уште со најавата на новата Концепција за образование од страна на тогашната министерка за образование, Мила Царовска, силно критикуваше поради контроверзноста на истата. Во јануари 2022 година, ресорот за образование го презеде Јетон Шаќири. Реакциите спласнаа, особено затоа што Шаќири има решено да се брани со молчење.Колку што Царовска огнено ја бранеше инстант- концепцијата за реформи во образованието, толку Шаќири ја премолчува. Но, и покрај молчењето, евидентно е дека планира истата во целост да ја реализира, иако бројни прашања во врска со неа останаа отворени и неодговорени.Така, на пример, во новата Концепција за основно образование се вели:„Предметот Историја и општество опфаќа теми/содржини што припаѓаат на историјата, на делови од географијата, на граѓанското образование и на други општествено-хуманистички дисциплини и заедно со предметот Општество директно произлегува од подрачјето Општество и демократска култура од Националните стандарди“.Стручни лица укажуваа дека станува збор за различни подрачја кои се неспојливи, се произнесе и Друштвото на историчари, Македонското географско друштво како и бројни експерти, но сите овие укажувања и реакции не допираат до Министерството за образование. Каде е сега Чешларов (директор на БРО во времето на донесување на Концепцијата) да објаснува дека Историја ќе се учи уште повеќе отколку досега?!Левица останува на својот став дека Концепцијата за образование е штетна, погубна и креирана по теркот на туѓи интереси и ќе продолжиме активно да се залагаме за истата да не биде спроведена.

Политичка партија Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан