• сабота, 21 декември 2024

Левица: Да се спротивставиме на регресивните политики на владата

Левица: Да се спротивставиме на регресивните политики на владата

Скопје, 8 октомври 2024

Наместо свикување на затворени седници зад очите на јавноста и првење политички дилови помеѓу партиите на власт и опозициските, Левица бара отворена борба против регресивните политики на владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, кои за 100 дена власт, покажаа дека по најголем дел од параметрите се еднакви, па дури и полоши од владата на СДС и ДУИ

„Низ европските извештаи владеењето на СДСМ во последните седум години е окарактеризирано како стагнациско време, како време на уназадување на позициите на Mакедонија во поглед на интеграциите во ЕУ.

Владата на СДС има пропуштено неверојатна прилика што се однесува до тие интеграции, затоа што ја имаа поддршката на меѓународната заедница, но импотентнаta дипломатија на СДС и ДУИ ни ги даде овие резултати.

Затоа нашата порака е СДСМ да стане сериозна и да ја следи опозициската битка која Левица ја води против ВМРО-ДПМНЕ во ова собрание!

Потребно е да се спротивставиме на регресивните политики на владата на ДПМНЕ, ЗНАМ И ВРЕДИ кои удираат по работниците и по стандардот на живот на граѓаните, а не да му се даваат прилики за вакви гимнастики.“

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан