• петок, 05 декември 2025

Леброн Џејмс блиску до своето деби во 23. НБА-сезона

Леброн Џејмс блиску до своето деби во 23. НБА-сезона

Лос Анџелес, 11 ноември 2025 (МИА) - Навивачите Лос Анџелес лејкерс добија охрабрувачки вести за здравствената состојба на Леброн Џејмс.

Ѕвездата на тимот од Калифорнија оваа седмица ќе тренира со јуниорскиот тим на Лејкерс во развојната лига.

Четириесетгодишниот Џејмс е се поблиску до своето деби во 23. НБА-сезона. Тој го пропушта почетокот на кампањата за прв пат во својата кариера поради ишијас на десната страна.

Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, претходно изрази надеж дека Џејмс ќе се врати „во втората или третата недела од ноември“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан