• петок, 22 ноември 2024

ЛДП со силна поддршка за развој на младинското претпримништво и иновации, денеска е Меѓународен ден на младите

ЛДП со силна поддршка за развој на младинското претпримништво и иновации, денеска е Меѓународен ден на младите

Скопје, 12 август 2024

Младите се движечката сила и имаат моќна улога во промените и прогресот. 12-ти Август, е Меѓународен ден ден на младите. Од 1999 Обединетите Нации го усвојуваат овој ден со цел постојано да се унапредува положбата и правата на младоте.

Либерално-демократската партија го оддбележува овој ден со порака и силна посветеност за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси. Во Македонија младите се ¼ од вкупното население. 

,,Младински вештини за мир и развој“ е темата на овогодинешниот Меѓународен ден на младите.

Либерално-демократската партија, го повикува државниот апарат и приватниот сектор да овозможат клима и поддршка за развојот на претприемништвото, а младите да создаваат иницијативи за развој на вештини и иновации.

,,Ова вклучува финансиска и менторска поддршка за младите претприемачи кои сакаат да започнат проекти и сопствени бизнис инвестиции” е ставот на ЛДП.

ЛДП предлага воведување образовни програми во средните училишта и универзитетите кои ќе се фокусираат на развојот на вештини за медијација, преговарање и миротворство, кои ќе помогнат во зголемување на свеста и компетенциите за мирно решавање конфликти и градење одржлив развој.

,,Минатата година ја промовиравме темата „Зелени вештини за младите: Кон одржлив свет“, токму затоа во Македонија е неопходно да се посветиме и на поддршка и промоција на зелени работни места и одржлив развој, посочува ЛДП.

 

Либерално-демократската партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан