• вторник, 30 јули 2024

Лајпциг е подготвен да го пушти Олмо во Барселона за 60 милиони евра

Лајпциг е подготвен да го пушти Олмо во Барселона за 60 милиони евра

Барселона, 30 јули 2024 (МИА) - Барселона продолжува да работи на евентуалното купување на играчот од средниот ред на Лајпциг, Дани Олмо.

Според „Мундо Депортиво“, германскиот клуб ги известил Каталонците дека се подготвени да го ослободат Шпанецот само за 60 милиони евра. 

Барселона може да си дозволи само еден голем трансфер ова лето.

Минатата сезона играчот од средниот ред на 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања постигна осум гола и направи три асистенции. 

На Евро 2024 Олмо постигна три гола и и две асистенции на шест натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан