• петок, 22 ноември 2024

Лапид: Договорот со Хамас за прекин на огнот и заробениците е во израелски интерес

Лапид: Договорот со Хамас за прекин на огнот и заробениците е во израелски интерес

Тел Авив, 4 септември 2024 (МИА) – Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска повика на договор со Хамас за ставање крај на војната во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои се уште ги држи палестинската група, јави ДПА.

„Завршувањето на војната е во интерес на Израел“, објави Лапид на хебрејски на мрежата X.

Тој, истовремено, го повтори својот повик за промена на политичкото раководство на Израел. 

„Војната ќе продолжи се додека постои оваа влада“, напиша Лапид.

„Владата не сака мир“, додаде поранешниот премиер и шеф на центристичката партија Јеш Атид.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир од десничарската екстремистичка партија Отзма Јехудит, претходно изјави дека акривно работи на попречување на актуелните  индиректни разговори со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Израел не треба да преговара со убијците“, рече Бен-Гвир.

Во текот на викендот, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле тела на шест заложници, што предизвика бран тага и гнев во Израел. Според извештаите на медиумите, заложниците биле застрелани од непосредна близина помеѓу 48 и 72 часа пред да бидат пронајдени нивните тела.

Веста донесе стотици илјади демонстранти на улиците на Израел. Тие побараа договор за ослободување на преостанатите заложници, додаде ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан