• четврток, 04 декември 2025

Лазарини го обвини Израел за „најсурова и најмакијавелистичка шема за убивање“ во Газа

Лазарини го обвини Израел за „најсурова и најмакијавелистичка шема за убивање“ во Газа

Газа, 11 јули 2025 (МИА) – Директорот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини го обвини Израел дека осмислил „најсурова и најмакијавелистичка шема за убивање“ во Газа, коментирајќи го убиството на девет деца кои чекале ред за храна.

- Нема излез. Нивниот избор е меѓу два смртни случаи: гладување или пукање. Најсурова и најмакијавелистичка шема за убивање, со целосна неказнивост, наведе Лазарини на Х.

Тој истакна дека нормите и вредностите на меѓународното право се „закопуваат“ и предупреди дека неактивноста и молчењето претставуваат соучесништво.

- Под наш надзор, Газа стана гробишта за деца и гладни луѓе … Неактивноста ќе донесе уште повеќе хаос, порача Лазарини.

Тој нагласи дека е време за дејствување и повика на прекин на огнот во Газа.

Во близина на центарот за помош на Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ) во Рафа, убиени се десет Палестинци, а 16 се ранети, потврдија денеска болнички извори и локални жители. Повредените биле пренесени во блиската болница Насер откако врз нив, како што наведува Ал Џезира, пукале израелски снајперисти. јт/

Фото: УНРВА на Х

Остани поврзан