• петок, 19 април 2024

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

Охрид, 28 февруари 2024 (МИА) - Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес.

- Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, изјави Димоски.

Повеќе детали околу дојавите не сподели, освен дека се работи за едно училиште и една фабричка хала.

Поради дојава за поставена експлозивна направа, според информации на МИА евакуирани биле учениците во основното општинско училиште „Братство единство“, но по проверките вратени биле на настава. сс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан