• петок, 06 декември 2024

Лавров: САД ја подготвуваат Европа за директен конфликт со Русија

Лавров: САД ја подготвуваат Европа за директен конфликт со Русија

Москва, 4 ноември 2024 (МИА) - САД ја подготвуваат Европа за „самоубиствена авантура“ на влегување во директен воен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

-Како резервна опција во случај режимот на Зеленски да пропадне, тие (САД) ја подготвуваат континентална Европа да се втурне во самоубиствена авантура и да влезе во директен вооружен конфликт со Русија, рече Лавров, говорејќи на меѓународниот симпозиум „Создавање на иднината“, пренесуваат руските медиуми.

На симпозиумот Лавров истакна дека Берлин „срамно го прифатил понижувачкото“ уништување на гасоводот „Северен тек“.

-Германската влада срамно го прифати понижувачкото уништување на гасоводот „Северен тек“ на штета на основните интереси на германската економија и германскиот народ, заклучи тој, пренесен од руските медиуми. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан