• понеделник, 18 ноември 2024

Лавров: Обидите да се почне нова војна во Донбас може да ја уништат Украина

Лавров: Обидите да се почне нова војна во Донбас може да ја уништат Украина
Москва, 1 април 2021 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека сите обиди да се почне нов воен конфликт во источна Украина која е разурната од војна, може да заврши со уништување на земјата, јави новинската агенција ТАСС. Изјавата доаѓа во време на тензии, откако украинскиот командант на главниот генералштаб на вооружените сили ја обвини Москва неделава дека собира воени сили во близина на заедничката граница и рече дека проруските сепаратисти систематски го кршат примирјето. Претходно Кремљ им порача на Украина и на западните земји да не се „грижат“ за движењето на руската армија на украинската граница, откако Киев изрази страв дека конфликтот со проруските бунтовници на истокот може да ескалира. - Русија ги преместува своите вооружени сили на своја територија како што сака. Но тоа не претставува закана за никого и никој не треба да биде загрижен, рече Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател. По долго примирје во втората половина на 2020 година, од јануари во источна Украина избувнаа вооружени конфликти во кои загинаа 19 украински војници. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за ескалацијата на ситуацијата. јт/

Остани поврзан