• петок, 10 мај 2024

Курти: За гласање на српски избори во Косово потребен е дoговор меѓу двете држави

Курти: За гласање на српски избори во Косово потребен е дoговор меѓу двете држави
Приштина, 22 март 2022 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е потребен договор со Србија за да може да се организира гласање на косовските граѓани со двојно државјанство на српските претседателски и парламентарни избори на 3 април, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од владината служба за однси со јавноста, Курти на виртуелна средба со шефовите на дипломатските и конзуларните претставништва на Косово порачал дека властите во Приштина „не сакаат да им го ускратат правото на глас на граѓаните со двојно државјанство во Косово, но исто така не можат ниту да дејствуваат спротивно на законите и Уставот на државата“. - Кон двете работи ќе се однесуваме одговорно, се цитира Курти во соопштението, во кое се додава дека тој е во постојана комуникција со државите на КВИНТ-ата, односно со амбасадорите на петте најмоќни држави акредитирани во Косово - САД, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство. На виртуелната средба станало збор и „за ситуацијата во регионот по руската инвазија и агресија врз Украина“. - Република Косово од самиот почеток изрази солидарност со Украина и украинскиот народ, осудувајќи ја остро агресијата на Руската Федерација и приклучувајќи се на Европската унија, на САД и на демократскиот свет во воведувањето санкции кон Русија, се вели во соопштението. иа/аа/

Остани поврзан