• четврток, 21 ноември 2024

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Токио, 10 мај 2024 (МИА) - Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Компанијата потврди дека е покрената истрага откако во две пакувања леб биле пронајдени делови од телото на стаорци, пишува Јапан Тајмс.

„Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата. паг/

Фото: Скриншот

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан