• недела, 22 декември 2024

Куманово бара фирма за санација на оштетени јавни прометни површини

Куманово бара фирма за санација на оштетени јавни прометни површини
Куманово, 8 јуни 2022 (МИА) - Општина Куманово бара економски оператор за одржување и санирање на оштетените јавно прометни површини на нејзиното подрачје. Како што стои на веб - страната на Бирото за јавни набавки, заинтересираните економски оператори треба да достават потврда за регистрирана дејност како доказ дека се регистрирани како физички или правни лица за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка, лиценца Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ. Покрај останатите документи, потребно е и понудувачот да има остварено позитивен финансиски резултат за секоја од последните три години. Економските оператори мора да поседуваат и соодветна механизација и вработен стручен кадар, градежни инженери. Според барањата во тендерската документација, компаниите треба да достават и доказ дека поседуваат или користат асфалтна база. Понудувачот во последните пет години треба да има склучено и реализирано минимум еден договор за реконструкција и санација на ударни дупки и јавни прометни површини со вкупна вредност од минимум четири милиони денари и еден за реконструкција и рехабилитација на улици со вкупна вредност од минимум четири милиони денари. Понудите треба да се доставата до 22 јуни годинава. Избраниот оператор ќе има обврска во 90 дена да ги санира оштетувањата. ам/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан