• понеделник, 23 декември 2024

Куба осуети завера за напад: уапсени 30 лица кои планирале напади од територија на САД

Куба осуети завера за напад: уапсени 30 лица кои планирале напади од територија на САД

Хавана, 9 јули 2024 (МИА) - Куба осуети завера за внесување на оружје и муниција на карипските острови од САД, а уапсени се околу 30 лица, соопшти официјален претставник на Министерството за внатрешни работи на Куба.

Куба првпат ги откри деталите за таа завера во декември, кога властите соопштија дека Кубанец кој живее во САД, Арденис Гарсија, пристигнал на островот со скутер за вода, вооружен, за да регрутира нови членови за својата група.

Кубанскиот истражител Виктор Алварез изјави дека со седуммесечната истрага е откриен план кој вклучувал 32 граѓани на Куба и група со седиште во САД под името "Ла Нуева Национ Кубана", за која кубанските власти тврдат дека планира напади на Куба од американска територија.

Властите наведоа дека Гарсија се наоѓа во притвор на Куба и дека се соочува со обвиненија за трговија со луѓе во САД.

Според кубанските власти, американските владини агенции биле информирани за резултатите од истрагата. Куба во декември објави листа на странски државјани и групи, вклучувајќи ја и "Ла Нуева Национ Кубана", која ја обвинува за вмешаност во тероризам.

На листата има десетици лица за кои Куба тврди дека биле вмешани во бомбашки напади на хотели, поттикнување на немири и обиди за атентат врз поранешниот претседател Фидел Кастро. ссм/

Остани поврзан