• недела, 22 декември 2024

Кубанецот Реиние Табоада од Данкерк потпиша за Еурофарм Пелистер

Кубанецот Реиние Табоада од Данкерк потпиша за Еурофарм Пелистер
Битола, 9 мај 2021 (МИА) - Еурофарм Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2021/22. Нов член на битолскиот суперлигаш е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот Данкерк. Табоада се обрвза на договор на една сезона со опција за уште една и по завршувањето на сезоната во Франција се очекува негово доаѓање во Битола и официјална презентација. Дваесет и тригодишниот Табоада роден е на втори јуни 1997 година, висок е 192 сантиметри и тежок 89 килограми и може подеднакво добро да игра како среден и како лев бек. Неговите настапи не останаа незабележани од пошироката јавност, бидејќи беше прогласен за најдобар млад ракометар во Португалија, а во последните две сезони е номиниран за најдобар млад ракометар во францускиот шампионат. Сезонава во француското првенство Табоада одигра 24 натпревари и постигна 68 гола (2,83 гола по натпревар), а во целата своја кариера во Франција бележи 66 натпревари и 164 гола (2,48 гола по натпревар). Токму вчера реализираше пет гола во победата на Данкерк над Трембле со 28-23. Пред да дојде во Франција, Табоада настапуваше во португалската екипа Аванка, каде постигна 239 гола на 69 натпревари. Табоада важи за еден од најдобрите кубански ракометари, има голем простор за напредок и во Битола доаѓа како важен елемент во тимот на Жељко Бабиќ за наредната сезона. Пред овој потпис, на Еурофарм Пелистер за следната сезона му пристапија Марко Кизиќ и Немања Обрадовиќ. мт/зс/

Остани поврзан