КСОМ организира протестен марш во среда незадоволен од социјалниот дијалог
- Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) ќе организира протестен марш во среда на Денот на независноста, изразувајќи на тој начин незадоволство од социјалниот дијалог во државата.
Скопје, 5 септември 2021 (МИА) - Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) ќе организира протестен марш во среда на Денот на независноста, изразувајќи на тој начин незадоволство од социјалниот дијалог во државата.
Претставници на КСОМ на денешната прес-конференција посочија дека се незадоволни затоа што одредени структури на власта ги игнорираат и не се сретнале со нив, иако им испратиле барање за средби, а со некои од нив, имале средби, но нема никаков позитивен исход.
- Жалиме што токму на Денот на независноста ќе организираме протест, но незадоволни сме од социјалниот дијалог во државата. Сакаме на овој ден да го свртиме вниманието и да кажеме дека нешто не е во ред, истакна Марјан Ристевски.
Протестот со возила ќе започне пред МРТВ во 11 часот, а ќе заврши околу 13 часот пред Владата. бак/ац/