• среда, 22 мај 2024

Кристал Палас потпиша договор со голманот Џонстон

Кристал Палас потпиша договор со голманот Џонстон
Лондон, 2 јули 2022 (МИА) – Премиерлигашот Критсал Палас потпиша договор со англискиот репрезентативен голман Сем Џонстон на 4 години. Дваесет и деветгодишниот чувар н амрежата во новиот тим дојде како слободен играч. Претходно тој одби да го продолжи договорот со Вест Бромвич, бидејќи имал намера да игра во Премиер лигата. Џонстон минатата сезона одигра 36 натпревари во лигата, при што прими 33 гола. Тој беше повикан и во репрезентацијата на Англија. зс/

Остани поврзан