• сабота, 09 декември 2023

Кривична пријава против лице од Виница за крумчарење мигранти

Кривична пријава против лице од Виница за крумчарење мигранти

Скопје, 30 септември 2023 ( МИА) -  Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Ц.(44) од Виница.

Како што информираа денеска од МВР, пријавениот, од реон на Гевгелија со товарно возило прифатил 20 илегални мигранти, по што во близина на наплатната станица Смоквица бил сопрен од полициски службеници.

- При извршен преглед во багажниот простор биле затекнати 19 мигранти од Сирија и еден од Ирак, соопштија од МВР. љм/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан