• четврток, 14 ноември 2024

Кривична пријава за предизвикување општа опасност и тешки дела против општата сигурност

Кривична пријава за предизвикување општа опасност и тешки дела против општата сигурност

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднела кривична пријава против Б.А.(18) од скопското село Студеничани и малолетник од скопско Моране, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност" во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност". 

- По преземени мерки  и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање, соопштија од МВР. цр/ев/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан