• петок, 05 декември 2025

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково.

Информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов.

- Итната помош интервенираше со четири амвулантни возила. Три лица со тешки телесни повреди се пренесени во ГОБ 8 Септември, а едно во Свети Наум Охридски, појасни доктор Панов. бд/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан