Кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.М. - полициски службеник, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „послужување во службата“ по член 356 од Кривичниот законик, против И.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик и против Р.М., поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „прикривање“ по член 261, во врска со член 396 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.