• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава за инспектор за прекуграничен криминал и миграции во Струга поради сомнение за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“

Кривична пријава за инспектор за прекуграничен криминал и миграции во Струга поради сомнение за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. - инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

Како што појаснуваат од МВР  на  11 јуни .2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.  

Од МВР најавуваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина. ад/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан