• недела, 29 септември 2024

Кривична пријава за дебранец за семејно насилство

Кривична пријава за дебранец за семејно насилство

Дебар, 25 јуни 2024 (МИА) - Одделението за внатрешни работи во Дебар, за само неколку дена поднесе две кривични пријави за семејно насилство.

Денеска поднесена е кривична пријава против А.Ч.(41) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“. 

-Тој на 10 месецов во 18:30 часот, бил агресивен кон неговата сопруга, вршел психичко малтретирање врз неа и кон нивните малолетни деца, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Само неколку дена претходно дебарското одделение поднесе кривична пријава против А.Ј.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“.

А.Ј.  во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.

Ова се само два од најмалку десетината  регистрирани случаи на семејно насилство годинава, но,  според надлежните бројот на ваквите случаи е многу поголем. вт/


Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан