• понеделник, 20 мај 2024

Крива Паланка меѓу петте општини во државата со високо ниво на транспарентност

Крива Паланка меѓу петте општини во државата со високо ниво на транспарентност
Крива Паланка, 20 август 2021 (МИА) – Општина Крива Паланка е една од петте општини во државата со високо ниво на транспарентност, според извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Извештајот се однесува на извршена проверка на објавени документи и информации кои општините, ЗЕЛС и Центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници, а Крива Паланка е петторангирана, по Валандово, Демир Хисар, Кочани и Битола. - Општина Крива Паланка има високо ниво на транспарентност според извештајот со вкупно 18 од можни 22 бодови, што не позиционира на петтото место, во групата општини со високо ниво на транспарентност, а наша цел е во периодот што следува да го задржиме нивото и да бидеме во служба на граѓаните со транспарентно работење како и досега, посочуваат од службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка. Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер спровела мониторинг на 88 иматели на информации, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на планските региони, во периодот од 1 до 20 јули 2021 година. ид/цр

Остани поврзан