• среда, 15 мај 2024

Кремљ: Членството на Украина може да го поткопа целиот систем на ЕУ

Кремљ: Членството на Украина може да го поткопа целиот систем на ЕУ

Москва, 22 декември 2023 (МИА) - Украина може да го поткопа целиот систем на Европската Унија доколку стане членка, оцени денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. На прес-конференција во Москва тој рече дека оваа земја ќе биде товар што ЕУ нема да може да го подигне.

- Има многу зборови, но навистина, се разбира, приемот на земја како Украина во ЕУ... едноставно би го поткопало целиот систем на ЕУ. И трезвените глави разбираат дека тоа ќе биде товар што ЕУ едноставно нема да може да го понесе и ЕУ ќе се распадне, истакна Песков.

Тој вели дека претставниците на ЕУ во моментов разговараат само за можноста за доделување членство на Киев, а искуството покажува дека таквите дискусии можат да траат со децении. ссм/

фото: архива

Остани поврзан