• сабота, 21 декември 2024

Кремљ ќе назначи нов амбасадор во САД

Кремљ ќе назначи нов амбасадор во САД

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека ќе назначи нов амбасадор во САД по истекот на мандатот на Анатолиј Антонов како амбасадор, отфрлајќи ги шпекулациите дека Москва ќе ги спушти на пониско ниво дипломатските односи со Вашингтон.

Дипломатот од кариера, 69-годишниот Антонов, ја водеше Руската амбасада во Вашингтон од 2017 година и во јули објави дека неговиот мандат завршува.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков изјави дека се уште не е утврдено кога претседателот Владимир Путин ќе го прими Антонов, но дека амбасадорот може секојдневно да контактира со претседателот.

На прашањето дали враќањето на Антонов е показател за деградирање на односите со Вашингтон, Песков рече дека не е.

„Не, не е, новиот амбасадор навреме ќе биде назначен“, рече Песков. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан