Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не може „ниту да потврди ниту да демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп
![Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп](https://mia.mk/images/20250209095441_big_730x400_77.webp )
Москва, 9 февруари 2025 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не може „ниту да потврди ниту да демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Американскиот претседател во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со Путин за завршување на војната во Украина.
Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“.
- Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.
Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали.
- Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.
Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД.
Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. ми/
фото: МИА архива